ЦУК соопшти дали постои опасност од поголеми поплави во Македонија

Нема опасност од поголеми поплави по зголемените врнежи во земјава, оцени денеска Главниот штаб за управување со кризи на својата 10-та седница која се одржа преку видеоконференциска врска.

На седницата, како што информираат од ЦУК, освен превземените мерки за справување со кризната состојба прогласена поради КОВИД-19, била разгледана и актуелната ситуација со врнежите од дожд.

Во однос на преземените активности во борбата против пандемијата, било истакнато дека преку координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи и со рационално искористување на расположливите национални ресурси ќе се обезбеди поголемо и сеопфатно дејствување во правец на превенција и спречување на ширењето на вирусот.

– Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација, се вели во соопштението од ЦУК.

Оттаму информираат дека освен со Црвениот крст, во постојана координација се и со граѓанските организации што, според в.д директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е со цел да се проширува фронтот за борба против пандемијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега