По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата.

На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила, како и едно излетување од пат.

Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните да постапуваат одговорно и внимателно и да ги следат препораките на надлежните служби, а за навремена помош и пријава на опасности или итни ситуации да го користат единствениот број за итни повици 112.

Exit mobile version