Close Menu
    Најново

    ЦУК: Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот

    21.01.2026 во 15:14

    Експлозивни направи пронајдени кај Ново Коњарево и Пониква

    21.01.2026 во 15:10

    Тошковски: Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“

    21.01.2026 во 14:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ЦУК: Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот
    • Експлозивни направи пронајдени кај Ново Коњарево и Пониква
    • Тошковски: Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“
    • Заѕиданите 350.000 евра биле од земјоделие, тврди одбраната: Обвинителството на брифинг откри нови детали за судијата Ѓоко Ристов
    • Тешка сообраќајна несреќа кај Хиподром, возило превртено на покрив
    • Гостиварец остана без дел од италијанската пензија поради лажни добивки во обложувалница
    • Николоски предупредува на колапс на транспортот и челичната индустрија поради новите правила на ЕУ
    • Уште еден Македонец падна на измамата со СМС пораките од „Пошта“: Пет пати му ја олесниле сметката
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ЦУК: Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот

    ЦУК: Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот

    21.01.2026 во 15:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ЦУК со информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот

    Скопски регион

    До 13:00 часот сите патни правци на територијата на Град Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата и се подготвени за дополнителни интервенции.

    Битолски регион

    Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и патишта во Битола се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници.

    Во општините Новаци и Могила нема непроодни патни правци.

    Регионалните патишта Крушево – Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни, додека патниот правец Крушево – Пуста Река е втор приоритет и ќе се чисти по престанокот на врнежите, но е прооден за возила со зимска опрема.

    Локалниот пат кон село Мренога е затворен поради оштетување на мостот.

    Велешки регион

    Во општините Велес, Чашка и Градско сите патни правци се проодни и се одржуваат во зимски услови.

    Во Кавадарци и Росоман се врши континуирано расчистување и посолување на патните правци, а сите патишта се проодни.

    Во општините Свети Николе и Лозово нема забележани проблеми.

    Кумановски регион

    Сите патни правци се проодни во зимски услови. Централното градско подрачје и улиците во населбите се исчистени.

    Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висина на снегот.

    Во Општина Кратово сообраќајот се одвива непречено, а снабдувањето со електрична енергија и вода е стабилно.

    Полошки регион

    Во Тетово, Гостивар и Врапчиште сите патни правци се проодни.

    Во Општина Маврово и Ростуше има снежна покривка од околу 10 сантиметри.

    Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар – Стража.

    Источен и југоисточен регион

    Во регионот на Штип има слаби снежни врнежи, а сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози.

    Во Струмичкиот регион сите патни правци се проодни, а електроснабдувањето и водоснабдувањето се редовни.

    Југозападен регион – Кичевски регион

    На подрачјето на Кичево и околните населени места врне снег, а на планинските села врнежите се поинтензивни.

    Екипите на ЈП „Македонија пат“ – секција Кичево, со целата расположлива механизација, вршат континуирано расчистување и опесочување на регионалните патишта, при што поради обилните врнежи на поединечни делници има остатоци од снег на коловозот.

    Во градот Кичево главните улици се исчистени, додека чистењето на споредните улици се одвива отежнато поради паркирани возила. Се продолжува со расчистување на градските населби и патните правци кон селата согласно утврдените приоритети.

    Во Осломејшкиот регион се исчистени патиштата од село Жубрино до Туин, а во тек е расчистување кон селата Поповјани и Јагол, по што ќе следи интервенција и кон останатите населени места.

    Во Зајашкиот регион се врши расчистување на патните правци кон селата Зајас и Строгомиште со шест машини, а потоа ќе се продолжи кон селата Крушино и Кнежино.

    Во јужниот дел на Кичевскиот регион (поранешни општини Вранештица и Другово) исчистени се патиштата кон поголемиот број села, а во тек е планирано расчистување кон преостанатите населени места со помала механизација.

    Сè уште е на сила забраната за движење на товарни моторни возила на планинските превои Стража и Пресека.

    Популарно

    ФОТО: По големата бура – Аурорите видливи и од Македонија

    20.01.2026 во 21:43

    Бранителот на судијата Ристов: Заѕиданите 350.000 евра не се на судијата, родителите признале дека се нивни

    20.01.2026 во 22:47

    Тешка сообраќајна несреќа кај Хиподром, возило превртено на покрив

    21.01.2026 во 14:34

    Заѕиданите 350.000 евра биле од земјоделие, тврди одбраната: Обвинителството на брифинг откри нови детали за судијата Ѓоко Ристов

    21.01.2026 во 14:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.