ЦУК: Пожарот од неготинско навлезе на територијата на Штип, има загрозени објекти и имоти

Пожарот што пред 4 дена започна во атарот на с Пепелиште, Општина Неготино влезе на територија на о. Штип, информираат од ЦУК.

„Интервенирано на делот во општина Штип со екипа на Шумаско стопанство од 1 теренско возило и 4 вработени и 83 припадници на АРСМ и непознат број од страна на Неготино кои продолжиле со гасење на пожарот. Пожарот е активен и ќе продолжи да се гаси во текот на денешниот ден. Гори мешана шума, смреки и сува трева , а загрозени се објекти во близина се патот Штип-Неготино, приватно ловиште „Лакавица – Патрик“, репетитори на мобилни оператори и имоти на граѓани“, стои во соопштението од ЦУК.

15.07.2024 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега