ЦУК: Пожар кај стариот млин на патот Битола – Прилеп

Центарот за управување со кризи информира дека гори стрниште кај стариот млин на патот Битола – Прилеп.

Пожарот е се уште активен и екипите се на терен. Се интервенира со едно возило и со двајца пожарникари.

– Во атарот на селото Беловиште кон Куново гори депонија која може да предизвика штети и во шумскиот појас. На терен се четворица вработени од Национални шуми подружница Шара како и екипи од ТПП Гостивар со едно возило и двајца пожарникари. Состојбата се следи и доколку има потреба ќе бидат ангажирани дополнителни екипи, информираат од ЦУК.

11.08.2022 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега