ЦУК: Избувнаа 30 пожари на отворен простор, 10 се уште се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во посленото деноноќие (на ден 23.07.2024 година – вторник) до утрово, има вкупно 30 пожари на отворен простор, на територијата на целата држава.

Од нив се уште се активни 10, а под контрола (пожари кои не можат да се шират но сеуште има горење) е ставен 1, додека 20 пожари се целосно изгаснати.

Инаку, во претходните денови имаше случаи кога изгаснати пожари повторно се разгоруваа.

Активните 10 пожари се следните:

СТАРО НАГОРИЧАНЕ: кај с.Алгуња и с.Челопек – ангажирани 1 хеликоптер на МВР и 30 припадници на Армијата (гориниска вегетација)

СЕРТА 1: ШТИП, с.Селце и с.Пухче (мешана шума);

СЕРТА 2: ШТИП : Криволак кон Пенуш (2 ЕТ) (ниска вегетација)

МАКЕДОНСКИ БРОД 1: с.Брезница и с.Тажево, Јасен – ангажирани 1 хеликоптер на МВР, вработени во Јасен и 30 припадници на Армијата (гори борова шума);

ПЛАСНИЦА: месност „Стромол“ (мешана шума)

ЧАШКА 1: над с.Габровник и с.Мокрени (мешана шума и ниска вегетација);

ЧАШКА 2: место викано Мукос, (ниска вегетација)

ДОЛНЕНИ 1: с.Небрегово (нискостеблеста шума)

ДОЛНЕНИ 2: с.Гостиражни, што е префрлен пожар од с.Богомила, Општина Чашка (гори мешана шума и ниска вегетација) и

НОВО СЕЛО: над с.Бадилен на планината Огражден (мешана шума).

Под контрола е еден (1) пожар на отворено во Македонски Брод: кај с.Дивеч и с.Слатина (каде што гори мешена шума).

Изгаснати се 20 пожари на отворено во последното деноноќие во:

КРИВОГАШТАНИ: с.Славеј (6 пожарникари од ТППЕ) (ниска вегетација)

БИТОЛА: покрај магистралниот пат Битола –Прилеп (2 ТППЕ) (ниска вегетација)

СТРУМИЦА: м.в.Два Пата (3 ТППЕ) (ниска вегетација)

ВАСИЛЕВО: с.Доброшинци (2 ТППЕ) (ниска вегетација)

ОХРИД: депонија Буково (6 ТППЕ) (депонија)

ШТИП: нас.Железничка-нас.Пребек (6 ТППЕ) (депонија)

НЕГОТИНО: с.Калањево (3 ТППЕ, 5 Лов.Дру.,5 НШ, 1 багер)

ВРАПЧИШТЕ 1: с.Неготино-с.Тумчевиште. (2 ТППЕ) (ниска вегетација)

ВРАПЧИШТЕ 2: с.Зубовце (3 ТППЕ)(ниска вегетација)

ГОСТИВАР 1 : нас.Млаки. (3 ТППЕ)(ниска вегетација)

ГОСТИВАР 2: кај Црква Света Петка (ѓубриште)

КУМАНОВО: Ново Куманово (2 ТППЕ) (ниска вегетација)

КРАТОВО: с.Коњух (3 ТППЕ, 7 м.н.) (ниска вегетација)

ГАЗИ БАБА 1: с.Јурумлери (3 ТППЕ) (ѓубриште)

ГАЗИ БАБА 2: Парк шума (3 ТППЕ) (ниска вегетација)

КАРПОШ: ул.Скупи (3 ТППЕ)(ѓубриште)

САРАЈ: с.Долна Матка (3 ТППЕ) (ѓубриште)

АЕРОДРОМ: с.Долно Лисиче (3 ТППЕ) (ѓубриште)

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Новоселски Пат ( 2 ТППЕ)( ниска вегетација)

АРАЧИНОВО: с.Мојанци (6 ТППЕ) (ниска вегетација)

Инаку ангажирани ресурси, допонително покрај пожарникарите од ПП ресурси, се два „ер трактор“ авиона на ДЗС, два хеликоптера на МВР и 90 армиски припадници.

23.07.2024 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега