Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Малолетно момче преживеало хорор во Центар

    08.10.2026 во 09:06

    Муцунски од Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

    08.10.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Точел алкохол на малолетник кој потоа учествувал во тепачка – Кривична пријава за сопственик на локал во Дебар
    • Трагедија на реката Тамиш: Рибар пронајден мртов во чамец
    • Инцидент во Скопје: Физички се пресметале двајца скопјани
    • Шокантни детали: Криста Пајк била лута и збунета откако се разбудила од кома по неуспешната егзекуција
    • Пари скриени во фрижидер: Уапсени измамници кои извлекле 50.000 евра од мајка убедувајќи ја дека ќерка и загинала
    • Русија му се заканува на НАТО
    • Драматичен инцидент во Германија: 27-годишен маж убиен во престрелка со полицијата
    • Мицкоски: Можни се предвремени избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК ги собра институциите: Почнаа подготовките за зимата

    ЦУК ги собра институциите: Почнаа подготовките за зимата

    21.10.2025 во 16:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа координативен состанок со претставници од сите надлежни институции и организации, со цел подобра подготовка и координација за претстојниот зимски период. На состанокот директорот на ЦУК, Мухамед Али и заменик директорот, Трајче Јовановски, ја истакнаа важноста на навремената координација, комуникација и заедничко делување на сите институции во Системот за управување со кризи.

    Какао што информираат од ЦУК, на состанокот се разговараше за состојбата на терен, временските прогнози, состојбата на патиштата и можните појави на свлечишта и одрони, како и за нивото на водостоите на реките и другите критични точки. 

    Се разгледаа и активностите на Црвениот крст поврзани со згрижување и помош на загрозените лица и бездомниците.

    -Целта на состанокот беше зајакнување на координацијата и комуникацијата меѓу сите субјекти во Системот за управување со кризи, за навремено реагирање и преземање мерки при евентуални ризици и опасности во зимскиот период. Посебен акцент беше ставен на потребата од навремено известување, користење на бројот 112 за итни повици и размена на оперативни планови меѓу институциите, соопшти ЦУК.

    ЦУК, се нагласува во соопштението, ќе продолжи со редовно следење на состојбите и со координација на активностите со сите надлежни субјекти, со цел обезбедување навремена и ефикасна реакција во претстојната зима.

    Прочитај повеќе

    Точел алкохол на малолетник кој потоа учествувал во тепачка – Кривична пријава за сопственик на локал во Дебар

    08.10.2026 во 23:59

    Инцидент во Скопје: Физички се пресметале двајца скопјани

    08.10.2026 во 23:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.