Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се уште се активни, два се ставени под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според податоците од ЦУК, активни пожари има во девет општини низ државата:

  • Општина Студеничани: кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер;
  • Општина Македонски Брод: кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица;
  • Општина Кичево: кај селото Тајмиште и месноста Дарда;
  • Општина Липково: кај селото Никуштак;
  • Општина Крушево: кај селата Белушино и Јакреново;
  • Општина Врапчиште: кај селото Ломница;
  • Општина Желино: кај селото Церово;
  • Општина Тетово: кај селото Бродец;
  • Општина Прилеп: кај селото Бонче.

Под контрола се ставени пожарите на депонијата во Делчево, како и пожарот кај прилепските села Чаниште, Крушевица, Лопатица и Дуње кон Црна Река.

Exit mobile version