Црни рекорди за Грција: Најголем број на починати и приклучени на апарати

Со 93 починати лица од ковид-19 за 24 часа, Грција бележи уште еден негативен рекорд за 2021 година по бројот на смртни случаи, а рекорден е и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, вкупно 802, 21 повеќе од вчера, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција регистрирани се 4.033 нови случаи, од кои 1.812 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 554 во Солун.

 

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 301.103 потврдени случаи на ковид-19, починаа вкупно 9.054 лица.

Грција од 7 ноември 2020 година во карантин, со полициски час и задолжителни смс пораки за секое движење на граѓаните и забрането е патување меѓу градови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега