Црна поезија на Бора: Песната во која пред 40 години си го отпеа погребот

Последната песна на албумот „Вечерас вас забављају, музичари који пију“ снимен во 1984 година стана песна која Бора Чорба, 40 години пред својата смрт си ја посвети на сопствениот погреб.
„Равнодушан према плачу“ е песна во која Бора пишува за својот последен ден. Песната е целосно негово авторско дело, тој го пишува и текстот и музиката.

Самиот албум петти по ред на бендот е сниман во прилично мрачна атмосфера и што е најинтересно, во Љубљана, местото каде што и заврши животот на Бора.

Во тој период бендот ја менува својата издавачка куќа и од РТБ-ПГП преминува во Југотон

„Јануари, студени денови, Љубљана беше сива, без сонце. Далеку од дома, семејството, пријателите, далеку од Белград. Во Љубљана не знаевме речиси никој. Немаше дружење надвор од бендот. Соочени сами со себе, сите некако патевме од некој вид на депресија. Почнавме да се изолираме во нашиот лош круг наоѓајќи утеха во алкохол. Ракија или векија ми беше единственото друштво пред и по спиење. Јадев многу малку и за многу кратко време се претворив во дух.
Атмосферата во студиото исто така беше мизерна. Работевме главно попладне и ноќе.
Во тоа време сите забележавме дека Рајко почна да користи хероин заедно со својата девојка од Белград. Бидејќи не можеше да се тргне од тоа во Љубљана му требаше некаква замена за таа опасна дрога.
Бора беше во најтемниот дел од својата поетска фаза“ – ќе напише легендарниот басист на Рибља Чорба, Миша Алексиќ во својата биографија неколку години пред да го напушти овој свет во екот на ковид пандемијата.

Самиот албум не помина добро кај публиката а и го означи крајот на членството на Бајага во Рибља Чорба кој ја напиша и најпопуларната песна на него „Кад ходаш“

На албумот има и неколку песни кои тогашната држава ги сметала за непримерни па дел од нив се објавени на посебниот албум „забранети“ кој Чорба го пласираше на средина од деведесеттите

Иако критиката (под силен притисок на државниот цензорски систем) албумот го оцени како „шунд“, црната фаза на поезијата на Бора ја исфрчи „Равнодушан према плачу“.

 

04.09.2024 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега