Црна Гора седма во светот по бројот на починати од коронавирус

Црна Гора, со 186 смртни случаи од коронавирус на 100.000 жители, е на седмото место во светот по бројот на починати од Ковид-19, според Светската здравствена организација.

Првата жртва на коронавирус во Црна Гора е регистрирана на 22 март минатата година, а од тогаш починале 1.199 лица.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во февруари годинава – 210.

И покрај ваквите податоци, Министерството за економски развој соопшти дека границите на Црна Гора ќе останат отворени, пренесува РТЦГ.

„Црна Гора во центарот на вниманието во сите руски медиуми! Нема затворање на границите, сезоната ќе ја дочекаме подготвени“, објави Министерството на „Твитер“.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега