Црна Гора: Протеран руски дипломат - има 72 часа да ја напушти земјата

 

Министерството за надворешни работи на Црна Гора го прогласи дипломатот од руската амбасада во Подгорица за персона нон гратa давајќи му рок од 72 часа да ја напушти Црна Гора.

„Причината за донесување на оваа одлука е оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на рускиот дипломат, кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението на Министерството.

Во соопштението се додава дека на амбасадорот на Руската Федерација му била врачена формална нота за оваа одлука во која е наведен рок од 72 часа за напуштање на територијата на Црна Гора.

04.03.2022 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега