Црна Гора прогласи тридневна жалост

 


Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост за трагедијата во Цетиње, соопшти премиерот Милојко Спајиќ.

2, 3 и 4 јануари беа прогласени за Денови на жалост.

Владата на Црна Гора претходно апелираше до општините да ги откажат настапите и концертите закажани за 1 јануари.

Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на половина копје на сите згради на државните органи и зградите на органите на локалната самоуправа и јавните институции. Во согласност со Одлуката, јавните, културно-забавните програми нема да се одржуваат на јавни места, а музика нема да се емитува во угостителските објекти.

Електронските и другите медиуми се должни да ја приспособат својата програмска содржина за да го одбележат денот на жалост.

„Страшната трагедија не погоди сите. Во моментов сите полициски екипи, се што е на располагање, се во Цетиње“, изјави Спајиќ за РТЦГ.

02.01.2025 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега