Изминатите 24 часа во главниот град беа исполнети со низа насилства и кражби. Полициските станици во Центар, Кисела Вода и Шуто Оризари регистрираа пријави за физички напади, додека во Волково е извршен грабеж врз повозрасно лице.

На 10.03.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје, В.А.(18) од с.Инџиково, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, И.Т.(38) од Скопје пријави дека на 06.03.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот сосед С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје, С.Х.(56) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, бил физички нападнат од Т.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(72) од Скопје пријави дека на 08.03.2026 на автобуска постојка во с.Волково, скопско, едно лице му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version