Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година е на дневен ред на денешната 68. седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Денеска седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред се повеќе амандмани на Предлог-законот за државната ревизија, во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија е и барањето за давање автентично толкување на член 141, став (4) од Законот за работните односи, поднесено од пратеничката Даниела Николова.

Exit mobile version