Чулев: Секој обид за поткуп или за било какво влијание врз гласачите ќе биде соодветно евидентиран и санкциониран

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети Регионалниот центар Исток, одделенијата за внатрешни работи во Делчево и Берово и полициското одделение во општина Ново Село.

Организацијата на парламентарните избори со посебен фокус на спречување на изборниот поткуп беа темите во фокус на работните состаноци. Од страна на раководствата на трите одделенија министерот Чулев беше запознат со мерките и активностите кои се преземаат од нивна страна, а со кои треба да се гарантираат безбедни и демократски избори. Од нивна страна беше потенцирано дека веќе се изготвени оперативните планови со кои се покриваат критичните точки, соопшти МВР.

Министерот Чулев потенцираше дека изборите мора да бидат фер и демократски, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат и во таа насока обврска на полициските службеници, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи е да ги преземат сите неопходни мерки со кои ќе се гарантира безбедноста на изборите.

-Секој обид за поткуп или за било какво влијание врз гласачите ќе биде соодветно евидентиран и ќе бидат преземени мерки за негово санкционирање, истакна Чулев.

Тој ги повика полициските службеници да постапуваат согласно законските прописи и да се отргнат од било какви политички влијанија и притисоци.

– Обврска на секоја полициски службеник е да го штити интересот на граѓаните и безбедноста на државата и кога ова е во прашање нема и не постои никаков компромис, додаде Чулев.

Во рамки на денешната посета на полициските одделенија кои се дел од Секторите за внатрешни работи Штип и Струмица ја...

Posted by Наќе Чулев on Friday, 10 July 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега