Чиле ќе го замени Еквадор на Светското првенство 2022

Еквадор нема да игра на Светското фудбалско првенство во Катар. Според „Мундо Депортиво“, ФИФА веќе ја донела соодветната одлука.

Како што пишува шпанскиот спортски весник, се очекува утре (10 јуни) официјално да биде објавено дека Еквадор нема да игра на турнирот во Катар, туку Чиле.

Во средата беше објавено дека адвокат на репрезентацијата на Чиле пронашол докази дека дефанзивецот Бајрон Кастиљо е Колумбиец и нема право да игра за репрезентацијата на Еквадор.

Да потсетиме дека во моментов се познати 30 селекции кои ќе учествуваат на Светското првенство.

Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

09.06.2022 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа