Чија страна ја заземаат земјите од Западен Балкан во руско-украинските односи?
Иако негира напад, Русија распоред околу 100.000 војници во близина на Украина на анектираниот полуостров, Крим.
Земјите членки на Европската унија и НАТО имаат различни ставови за евентуален конфликт меѓу двете држави.
И земјите од Западен Балкан различно гледаат на тензиите меѓу Русија и Украина, а само Македонија и Косово ѝ дадоа целосна поддршка на Украина.
-Република Северна Македонија ги поддржува напорите на НАТО и ОБСЕ да се надвладее напнатата ситуација. Стабилноста на Европа треба на сите да им биде цел, истакна македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска.
-Република Косово стои со Украина, го поддржува нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, рече косовската претседателка, Вјоса Османи.
Србија и Црна Гора засега се без никаков став по ова прашање.
Шефик Џаферовиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина вели таа држава го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ се извини поради изјавата на претседателот на државата, Зоран Милановиќ дека Хрватска од кризата „нема да добие ништо“.
-Закани и на крајот воена агресија на Украина претставува огромна закана за европската сигурност и сериозно кршење на меѓународното право, вели претседателот на Албанија, Илир Мета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа