Во парискиот регион денеска е уапсено уште едно лице осомничено за учество во драматичниот грабеж што неодамна се случи во светски познатиот музеј Лувр. Според пишувањето на „Паризиен“, уапсениот е четврти осомничен во случајот и одамна им бил познат на полициските служби по различни кривични дела.
Истражителите веруваат дека тој е директно поврзан со тројцата веќе притворени и обвинети за организирање и извршување на кражбата.
И покрај новото апсење, истрагата продолжува, а полицијата сè уште трага по украдените скапоцености. Властите очекуваат нови информации кои би помогнале во утврдување на точната локација на предметите и целосно расветлување на случајот.

