Четвртина од Европејците примиле прва доза од вакцината против Ковид-19

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека досега во ЕУ се дадени 150 милиони дози вакцина против Ковид-19.

„Вакцинацијата во Европа се забрзува. Една четвртина од Европејците ја примија првата доза“, објави Фон дер Лајен на својот твитер-профил.

Претседателката на ЕК нагласува дека ЕУ има доволно вакцини со цел во јули да бидат вакцинирани 70 проценти од возрасната популација.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега