Четворица украле „цитроен берлинго“ - ама ги фати полицијата

На 23.01.2022 околу 16.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ш.М.(21), В.У.(22). Ш.М.(21) и Ф.А.(22), сите од гостиварско Врапчиште, поради сомнение дека претходно противправно одзеле патничко возило „цитроен берлинго“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.И.(43) од тетовска Голема Речица.

Половина час пред тоа, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. Се расчистува и документира случајот по што ќе следува соодветен поднесок. 

24.01.2022 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега