Четиригодишно момче прегазено од валјак пред очи на татко му во Германија

 

Четиригодишно момче возејќи велосипед било удрено од машина за потиснување асвалт во близина на градилиште во Долна Саксонија, Германија. Момчето починало, пренесува списанието Феникс.

Како што соопшти полицијата, момчето во понеделникот било со својот татко и седумгодишниот брат. Децата возеле велосипеди додека таткото трчал зад нив.

Постариот брат веќе го поминал патот кој е во изградба. Четиригодишното дете требало да го следи кога ненадејно го удрил валјак додека се движел наназад. Тој починал на местото на несреќата, пред очите на неговиот татко. Се утврдува како дошло до несреќата, а консултиран и експерт. Возачот на валјакот ќе се гони за убиство од небрежност.

16.08.2022 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега