Четири месеци тагуваше по смртта на саканиот: Сега Ана донесе прекрасна одлука – фановите изненадени
Пролетта им дојде на сите, но на некои сепак им беше потребна повеќе од на другите. На пример, пролетта која конечно би ѝ донела мир на пејачката Ана Бекута (62) не вклучува само календарска или метеоролошка категорија, туку и онаа што се однесува на душата.
Ова е прво нејзино позитивно обраќање откако нејзиниот долгогодишен партнер Милутин Мркоњиќ почина пред четири месеци.
Затоа новата објава на Ана Бекута инспирира охрабрување дека пролетта ќе и го донесе потребното емотивно подобрување и духовен мир и навистина изгледа подготвена да продолжи со целосен оптимизам.
„Ќе има пролет и сонце – и покрај се, за инат на се, против се и секој што се спротивставува на животот“ – ја цитираше пејачката познатата реченица на Душко Радовиќ.
Објавата на Ана Бекута наиде на многу зборови на поддршка и одобрување, бидејќи многу од нејзините следбеници веројатно препознаа дека овој став значи дека пејачката по неколкумесечна тага решила да сврти нов лист и да ја врати насмевката на нејзиното лице.
Да потсетиме, по смртта на Мрка, Ана вети дека ќе направи долга медиумска пауза и се уште го одржува тоа ветување.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа