Close Menu
Press24
    Најново

    65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони

    02.03.2026 во 23:47

    Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера

    02.03.2026 во 23:30

    Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија

    02.03.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони
    • Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера
    • Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија
    • Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму
    • Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет
    • Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
    • Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
    • Пентагон: САД нема да се впуштат во нова „бесконечна“ војна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Чешкиот претседател Павел: НАТО некогаш ќе мора да собори руски авион

    Чешкиот претседател Павел: НАТО некогаш ќе мора да собори руски авион

    11.11.2025 во 18:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Чешка, Петр Павел, предупреди дека руските упади во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО не можат бесконечно да се толерираат, и дека алијансата можеби ќе мора да собори руски воен авион, доколку ваквите провокации продолжат.

    Изјавата Павел ја даде во дебата со ученици во градот Соколов, при што потсети на инцидентот во 2015 година, кога Турција собори руски авион што го наруши нејзиниот воздушен простор.

    „Има народи на кои им е доволно да им се каже: немојте тоа да го правите, лошо ќе заврши. Во случајот на некои, мора лошо да заврши за да сфатат дека тоа не е исправен пат,“ изјави Павел.

    Тој додаде дека Русија денес ја тестира решеноста на НАТО не само преку пробивања на воздушниот простор, туку и преку проверка на функционирањето на интегрираниот систем за одбрана на алијансата.

    „Русија денес го пробува тоа со нас. Тестира не само како функционира противвоздушната одбрана на одделни земји и интегрираниот систем на НАТО, туку и колку сме решени навистина да се браниме,“ порача чешкиот претседател пред учениците од регионот Карлови Вари, на западот на земјата.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму

    02.03.2026 во 22:54

    Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија

    02.03.2026 во 23:05

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.