Централ Инвест на Анѓушев изгради нова сончева електрана, поевтина домашнаструја за стопанството

 

Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна сопроизводство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од 8 мегавати, во близина на Кочани.

Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата.

„Им овозможуваме на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што покажуваме и општествена одговорност и грижа кон одржливоста на економијата. Ова е начин приватниот енергетски сектор да помогне вокризата“, вели менаџерот на проектот ФЕЦ Тркање, Крсте Илијески.

Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма назелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, кои се значителнопониски во однос на берзанските цени, со што ќе се направат директни заштеди вокомпаниите.

ФЕЦ Тркање ќе има годишно производство од околу 15.100 мегават часови, штопокрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители.

Електраната е во сопственост на фирмата Централ Инвест, а е целосно проектирана иизведена од фирмите во рамките на Феро Инвест.

Централ Инвест и Феро Инвест на Кочо Анѓушев произведуваат струја преку електраниод обновливи извори, од вода, сонце, а во тек е градба и на електрана на биогас, сошто уште повеќе ќе се зголеми домашното производство на струја, кое македонскитефирми го бараат како поевтина алтернатива за скапата увозна струја.

08.10.2022 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега