Close Menu
Press24
    Најново

    Цените на нафтата растат, златото паѓа

    26.03.2026 во 11:42

    Морничаво признание за „Рибникар“: „Да не беа пиштолите на татко ми, немаше да го направам ова“

    26.03.2026 во 11:39

    „Тајмс оф Израел“: Убиен Алиреза Тангсири, клучниот ирански командант задолжен за Ормутската Теснина

    26.03.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цените на нафтата растат, златото паѓа
    • Морничаво признание за „Рибникар“: „Да не беа пиштолите на татко ми, немаше да го направам ова“
    • „Тајмс оф Израел“: Убиен Алиреза Тангсири, клучниот ирански командант задолжен за Ормутската Теснина
    • Драма во Валандово: Маж ја претепал сопругата, па нападнал полицаец, дома имал цел арсенал оружје
    • Филипче: Државата се пљачка на секое ниво 
    • Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
    • Трагедија го потресе светот: Најмалку 24 загинати откако автобус излета во реката Падма
    • Гаши: Тројцата пратеници на Села ќе бидат регистрирани под ново име штом го достават до Собранието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цените на нафтата растат, златото паѓа

    Цените на нафтата растат, златото паѓа

    26.03.2026 во 11:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Утринското тргување на светските берзи минува во знак на зголемена нестабилност. Цената на нафтата „Брент“ повторно ја проби границата од 105 долари за барел, додека европските берзански индекси бележат пад, како директна последица на нејасните сигнали за мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран.

    Според официјалните податоци, суровата нафта утрово поскапе за 2,82 проценти и се тргува по цена од 92,843 долари за барел, додека нафтата „Брент“ бележи раст од 2,88 проценти, достигнувајќи 105,138 долари.

    Пазарните аналитичари укажуваат на збунетост кај инвеститорите поради спротивставените ставови на двете страни. Додека САД тврдат дека се разгледува нов мировен план, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја демантираше директната комуникација.

    „Размената на пораки меѓу двете земји преку посредници не значи преговори со САД“, изјави Аракчи, пренесува Ројтерс.

    Иранските државни медиуми веќе најавија дека Техеран ќе го одбие американскиот предлог за прекин на огнот и ќе понуди своја листа од пет точки, со која бара задржување на контролата врз Ормутскиот теснец.

    Падот на европските индекси е евидентен: германскиот DAX падна за 1,03 проценти, францускиот CAC 40 за 0,65, додека британскиот FTSE 100 бележи пад од 0,71 процент. На берзата во Амстердам, гасот се тргува по цена од 53,750 евра за мегават-час.

    Истовремено, златото бележи пад на 4.445,81 долари за унца, додека пченицата поскапе на 6,0205 долари за бушел. На девизниот пазар, еврото се тргува за 1,15518 долари.

    Популарно

    Цените на нафтата растат, златото паѓа

    26.03.2026 во 11:42

    Морничаво признание за „Рибникар“: „Да не беа пиштолите на татко ми, немаше да го направам ова“

    26.03.2026 во 11:39

    „Тајмс оф Израел“: Убиен Алиреза Тангсири, клучниот ирански командант задолжен за Ормутската Теснина

    26.03.2026 во 11:22

    Драма во Валандово: Маж ја претепал сопругата, па нападнал полицаец, дома имал цел арсенал оружје

    26.03.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.