Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со растот, додека цените на бензинот во Европа се приближуваат до тригодишен максимум. Суровата нафта Брент денес се тргува за повеќе од 95 долари за барел, а европските берзански индекси бележат претежно позитивни трендови, додека пазарите го очекуваат клучниот извештај за работните места во САД.

Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во ноември пораснаа за 0,41 процент и достигнаа 95,91 долари за барел. Во исто време, фјучерсите за американската сурова нафта WTI за испорака во октомври забележаа раст од 0,69 проценти, тргувајќи се по цена од 91,93 долари за барел.

На европскиот пазар на гас, октомвриските фјучерси на берзата TTF во Амстердам денеска се тргуваа по цена од 71,5 евра за мегават-час, што е благ пад во споредба со вчерашните 73 евра, но сепак нивоата остануваат меѓу највисоките од 2023 година.

Останатите берзански показатели покажаа мешани движења на европските пазари. Германскиот индекс DAX забележа раст од 0,18 проценти, францускиот CAC 40 за 0,07 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,01 процент, а московскиот MOEX се зголеми за 1,15 проценти. Единствено миланскиот FTSE MIB забележа пад од 0,45 проценти.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс изнесува 1,16268 долари.

Кај суровините, цената на златото падна на 4.467,64 долари за тројанска унца, додека цената на пченицата се намали на 7,2965 долари за бушел.

Тргувањето на американските берзи во четвртокот заврши во позитива. Индексот Дау Џонс порасна за 1,18 проценти на 53.686,11 поени, S&P 500 забележа раст од 1,06 проценти на 7.747,71 поени, додека Nasdaq се зголеми за 1,4 проценти, достигнувајќи 26.584,06 поени.

Exit mobile version