Цените на горивата остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека цените на горивата и оваа недела ќе бидат исти како минатата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 04.08.2020 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,121 ден/кг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа