Close Menu
    Најново

    Саша Матиќ до Карлеуша: Извини

    18.11.2025 во 23:05

    Најголемите кралеви на драмата: Овие хороскопски знаци можат да претворат комарец во слон

    18.11.2025 во 23:02

    Снег го покри Златибор: Трупа и во Чачак

    18.11.2025 во 22:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Саша Матиќ до Карлеуша: Извини
    • Најголемите кралеви на драмата: Овие хороскопски знаци можат да претворат комарец во слон
    • Снег го покри Златибор: Трупа и во Чачак
    • Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам ја изгуби возачката дозвола, ќе полага повторно
    • АА на Села го напушта бродот на Ахмети – партијата ќе делува самостојно
    • Трамп: Саудиска Арабија се согласи да инвестира 600 милијарди долари во САД
    • Средба Мицкоски-Вадефул: Продлабочување на соработката, регионалните предизвици и нови заеднички иницијативи
    • Дронови над Москва – руските власти ги соборија пред да се приближат кон градот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Цената на златото се искачи на нов историски рекорд, пазарите во исчекување на царините на Трамп

    Цената на златото се искачи на нов историски рекорд, пазарите во исчекување на царините на Трамп

    01.04.2025 во 10:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Цените на златото надминаа 3.100 долари за унца, при што инвеститорите стравуваат дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го ограничат економскиот раст, како и со континуираната побарувачка од централните банки.

    На физичкиот пазар унца злато се тргува по 3.133,29 долари и е повисока од вчера.

    Само од почетокот на годината златото поскапе за околу 18 отсто. Во 2024 година, неговата цена скокна за околу 27 отсто, поттикната, меѓу другото, од побарувачката од централните банки. Во последно време, импулс на цените им дадоа и најавите за американски царини.

    Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе реципрочни царини во среда за сите земји кои воведуваат царини за американски стоки, а тарифите за увоз на автомобили исто така треба да стапат во сила од четврток.

    „Порастот на побарувачката за злато ја одразува вознемиреноста на инвеститорите за тарифите. Постојат стравувања дека (наметнувањата) ќе го ограничат економскиот раст“, ​​а тие стравувања ги поддржуваат цените на благородниот метал, објаснува Нитеш Шаг од WisdomTree.

    Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ги заштитат вредностите на имотот во периоди на зголемена политичка нестабилност и да се спротивстават на падот на каматните стапки. Централните банки исто така се обидуваат да ги зајакнат своите биланси и да обезбедат снабдување во период на геополитички и економски тензии.

    Цената на среброто на физичкиот пазар падна за 0,4 отсто, на 33,96 долари за унца. Платината и паладиумот поскапеа за 0,8 отсто, на 991,55 долари и 979 долари за унца.

    Популарно

    Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите

    18.11.2025 во 11:43

    Скопје: 23-годишник три месеци принудувал дете на полови дејствија – се заканувал да не кажува дома

    18.11.2025 во 09:43

    Употребил фалсификувана диплома: Кривична пријава за кумановец вработен во јавно претпријатие

    18.11.2025 во 14:01

    Претседателот на Европскиот совет: Македонија и БиХ можат да напредуваат до крајот на годината

    18.11.2025 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.