Цел живот погрешно ја миете косата: Познатиот фризер објаснува како правилно се прави тоа (ВИДЕО)
Проверете дали и вие ја правите оваа грешка. Познатиот американски фризер Бред Мондо тврди дека поголемиот дел од луѓето погрешно ја мијат својата коса.
„Луѓето прават прва грешка кога употребуваат премногу шампон. Тоа е во добар случај, но поради тоа косата повеќе се плетка, што доведува до нејзино оштетување“ - објаснува Мондо.
„Нема потреба да го правите тоа затоа што косата повеќе ќе ви опаѓа од вообичаено“ - вели познатиот фризер.
Мондо советува косата да се мие со нежни движења, од една на друга страна, наместо со кружни движења.
Тој исто така наведува дека косата треба да се мие со млака вода, како и количината на сапуница дека не е мерило за тоа дали косата е чиста или пак не.
Што се однесува на количината на шампонот, Бред предложува дека без оглед на должината на косата, треба да користите многу малку шампон во текот на миењето.
Њујоршкиот фризер советува и дека шампонот се става само во темето на главата, а не и на краевите од косата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа