Цел свет зборува за оваа реклама: Двајца порно актери се појавуваат на врата и велат„вашиот син не гледаше на Интернет“ (ВИДЕО)
Нова реклама во Нов Зеланд која ја лансирала владата на хумористичен начин служи да се позанимава со непријатните теми.
Тоа е сцена „кошмар„ на секој родител и секој тинејџер: Двајца порно актери се појавуваат голи пред вратата и велат „Здраво, вашиот син не гледаше на интернет“.
Изненадната појава на двајцата насмеани, но голи порно актери Сју и Дрејк е вистинска сензација во Нов Зеланд. Во прашање е реклама која гио и поттикнува родителите да размислат дали и колку се безбедни нивните деца на Интернет.
Во последната реклама од серијата Keep It Real комичарката Џастин Смит дознава од двајцата порно актери дека нејзиниот син ги гледал нивните клипови „на својот лапотоп, на Ipod, на својот телефон, на нејзиниот телефон,и на ТВ“, додавајќи дека на тие клипови никогаш не разговараат туку веднаш преминуваат на „акција“.
Ова видео е создадено по истражување од 2019 година, кое покажа дека младите жители на Нов Зеланд учат сè за сексот преку интернет порнографија, како и фактот дека една третина од тинејџерите гледаат порнографија во кои сексот се прикажува без согласност.
Другата реклама е за врсничко злоставување преку Интернет и им помага на родителите да останат смирени кога ќе започнат разговор со своите деца за нивните активности на Интернет.
Девојче се појавува на врата и се жали на таткото на својата другарка дека неговата ќерка води цела кампања против неа на сцијалните мрежи во која ја нареква со погрдни имиња и повиккува децата да не се дружат со неа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа