Цел балкан плаче, а Шешељ го нарече предавник: Лидерот на СРС со брутални зборови за починатиот Балашевиќ
Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, вчера вечер изјави дека е рамнодушен кон смртта на Ѓорѓе Балашевиќ и дека е разочаран затоа што медиумите го славеле кантавторот, кој, како што рече, бил „предавник на српскиот народ “.
– Сè што имав да кажам за Балашевиќ, го кажав додека тој беше жив. Сега, кога тој почина, немам што да додадам или одземам. Јас сум огорчен што со некои пагански ритуали се сквернават споменици во центарот на Белград и Нови Сад. Тоа можеа да го сторат на гробиштата, пред куќата на Балашевиќ, некаде на друго место – рече Шешељ во гостувањето на „Хит твит“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа