Царовска најави и тужба: Ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски

 

Мила Царовска денеска преку соопштение ги дематираше изјавите на Боки 13 дадени на денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“.

 

- Во интерес на вистината сакам најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета. Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично  ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки- напиша Царовска.

Бојан Јовановски на судењето во случајот “Меѓународен сојуз”, рече дека соработката со ГП Пелистер и Силјан Мицевски се случила преку посредници.

„Во доказната постапка ќе слушнете како Мила Царовска, пензионерката со проектот ја упатува кон мене. А бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот“, рече Бојан Јовановски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега