Царовска на Парадата на гордоста: Ќе овозможиме секој граѓанин да ги ужива своите права

Министерката за образование, Мила Царовска присуствуваше на Втората парада на гордоста денеска во Скопје.

„ Создаваме општество кое ја негува културата и богатсвото на различностите.     

 Градиме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација, затоа што еднаквоста се учи од најмала возраст. 

Верувам дека сите ние заеднички ќе овозможиме секој граѓанин да ги ужива своите права. Затоа што само за такво општество вреди да се бориме“, напиша Царовска на Фејсбук.

26.06.2021 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега