Царовска: Ќе се преиспитува содржината на учебникот по македонски јазик за четврто одделение
Авторката на учебникот по Македонски јазик за четврто одделение и рецензентите ќе ги разгледаат забелешките околу неговата содржина и ќе донесат одлука дали тој ќе се промени, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска, во гостувањето во „360 степени“ на телевизијата Алсат.
„Добив информација дека авторката и рецензентите заендички ќе ги преразгледаат забелешките согласно реакциите на јавноста, иако тие во прв наврат посочуваат дека тоа се реални ситуации од животот кај некои семејства и дека децата треба да имаат увид и во такви ситуации. Рецензентите, Бирото за развој на образованието и авторката заеднички ќе утврдат што од тој текст ќе остане или нема да остане“, рече Царовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа