Царовска ги повика наставниците и професорите да се вклучат во подготовка на програмата за 2021/2022

Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека новата концепција во образованието беше усвоена од Владата, откако претходно, три месеци имаше дебата за неа и беа вклучени сите засегнати страни.

– Новата концепција е јавно достапна. Денеска влегуваме и со јавен повик, за кој претпоставувам веќе е објавен, а се однесува на подготовка на наставните програми за учебната 2021/2022 година во прво и четврто одделение кои ќе започнат по новата концепција. Ги повикувам сите наставници и професори да се вклучат во подготовката на програмата оти навистина е значајна за националниот капацитет, кој го имаме од професори да го даде својот максимум во подготовката на квалитетни програми, изјави Царовска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега