Бунтот во Русија заврши, случајот затворен: ФСБ нема да ги гони платениците, Вагнер го предава тешкото оружје на руската армија

 

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека ќе се откаже од случајот против паравоената група Вагнер, откако нејзините борци извршија обид за државен удар во саботата, што му се закани на владеењето на претседателот Владимир Путин.

„Случајот со вооружениот бунт беше затворен на 27 јуни, соопшти ФСБ“. објави државните медиуми РИА Новости.

„Во текот на истрагата за случајот бунт, беше утврдено дека неговите учесници ги прекинаа своите дејствија директно насочени кон извршување на кривичното дело, случајот е затворен“ се вели во соопштението на прес-службата на ФСБ.

Во соопштението не се спомнува по име лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Вагнер ќе ја предаде и својата тешка воена опрема на активните единици на руската армија, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.

!Во тек се подготовките за префрлање на тешката воена опрема на активните единици на руските вооружени сили“, се наведува во соопштението на Министерството.

Федералната служба за безбедност претходно објави дека го отфрлила случајот поврзан со вооружениот бунт на 24 јуни на членовите на оваа група.

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, во понеделникот тврдеше дека платеничката група требало да ги напушти своите позиции на 30 јуни и да ја предаде опремата на Јужниот воен округ во Ростов, Русија.

Сепак, тој тврдеше дека московските трупи ги нападнале силите на Вагнер во петокот, неколку дена пред да се изврши предавањето.

Тој претходно објави 11-минутно видео во кое вели дека неговата цел не била да го собори рускиот режим.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги повика борците на паравоената формација „Вагнер“ да потпишат договор со руското Министерство за одбрана или да се вратат дома или да заминат во Белорусија и додаде дека повеќето борци на таа група се патриоти кои биле изманипулирани.

27.06.2023 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега