Close Menu
Press24
    Најново

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
    • Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
    • МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
    • Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
    • МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
    • Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
    • Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
    • Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бујар Османи: Со чесност, ред и посветеност ќе го вратиме Чаир на граѓаните

    Бујар Османи: Со чесност, ред и посветеност ќе го вратиме Чаир на граѓаните

    15.10.2025 во 21:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Верувам дека постои чесност и дека со чесност можеме да изградиме Чаир со европски изглед, но со топла душа што ќе им служи на луѓето, што ќе им излезе во пресрет на нивните потреби, што ќе им го врати Чаир назад од рацете на една клика што го користеше како инструмент само за неколкумина.

    Ова го истакна Бујар Османи, кандидатот за градоначалник, во својот говор вечерва одржан на голем собир во Чаир, нагласувајќи дека вистинската промена во општината започнува со чесност, ред и посветеност.

    „Знам дека не очекувате големи зборови од мене, очекувате дела. Но, секое дело се темели на план, на визија, на верба“, рече Османи, потенцирајќи дека неговата најголема политичка и професионална вредност е чесноста и дека токму врз неа ќе се изгради новиот, достоинствен Чаир.

    Османи додаде дека граѓаните заслужуваат општина со европски дух и човечко лице, која не им служи на партиски центри на моќ, туку на потребите на секој жител. Османи рече дека е уверен дека секој систем може да функционира ако има ред, посветеност и чесност.

    „Ќе продолжам да верувам, дури и ако сум сам во тоа, сè додека таа верба не стане заедничка и не се претвори во колективно движење за подобар Чаир: европски, достоинствен, чесен и уреден“, нагласи Османи.

    Популарно

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08

    Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница

    21.03.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.