Бугарските патриотски организации се обединија за изборите на 11 јуни
Денес трите бугарски патриотски организации ВМРО, Волја и НФСБ се согласија да формираат заедничка коалиција, која ќе се вика „Бугарски патриоти”. Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерите во списоците на новата формација бараат продолжување на цврстата политика во одбрана на националните интереси на Бугарија.
Лидерите на трите партии нема да учествуваат на предвремените парламентарни избори во Бугарија.
Патриотската коалиција обединува околу 10 основни принципи. Водечки меѓу нив се националното помирување и прекин на меѓуинституционалните војни; зголемување на приходите и пензиите; мерки против монополите и картелите, донесување закон за приватниот банкрот; надминување на демографската катастрофа; неприфаќање на Движењето за права и слободи во владата на Бугарија; независна и национално одговорна надворешна политика на Бугарија; заштита на традиционалното семејство и спречување на истополови бракови; престанок на социјалниот паразитизам; воведување на образовна квалификација за гласање; децентрализација; нулта толеранција за корупција; нов социјален договор итн.
„Бугарски патриоти – ВМРО, ВОЛЈА и НФСБ”, според официјалните информации, ќе работат во име на секој бугарски граѓанин и категорично и непомирливо ќе ги бранат националните интереси на Бугарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа