Бугарскиот суд ја затвора организацијата која го отвори македонскиот културен клуб во Благоевград

 

Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човечки права, кое го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград ќе биде затворено со одлука на бугарскиот суд, објави „360степени“.

Организацијата која го отвори македонскиот културен клуб оди во ликвидација, а во разговор за „360степени“, основачот Атанас Мазнев кажа дека дури сега станал свесен дека здружението е укинато.

Случајот бил отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдења дека здружението било спротивно на бугарските закони и Устав.

31.10.2022 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега