Close Menu
    Најново

    Минчев во Рим ги претстави реформите што ја движат Македонија напред

    19.11.2025 во 13:33

    ВИДЕО: Вака се решава проблемот со непрописно паркирање во скопско Ѓорче

    19.11.2025 во 13:30

    Драма на Водно: Спасени четири лица, меѓу кои и дете, заглавени на жичарата поради невреме

    19.11.2025 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Минчев во Рим ги претстави реформите што ја движат Македонија напред
    • ВИДЕО: Вака се решава проблемот со непрописно паркирање во скопско Ѓорче
    • Драма на Водно: Спасени четири лица, меѓу кои и дете, заглавени на жичарата поради невреме
    • Мигрантка од Кина загина уште 7 се повредени: Кај Дојран им се преврте камионот во кој се шверцувале
    • Семејство отруено на одмор во Турција, но не од храна: Еве што ги уби таткото, мајката и двете деца
    • Пчиња се излеа пред Куманово: Извлечени две лица од поплавен автомобил
    • Камион излета од патот Валандово-Дојран: Едно лице загина, седум се повредени
    • Во петок е Св. Aрхангел Михаил – празник посветен на војводата на сите ангели
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    14.04.2025 во 12:45
    Георг Георгиев, Министер за надворешни работи на Бугарија
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Додека Македонија очекува разбирање по сите направени отстапки, официјална Софија не се смета за пречка на македонскиот интегративен пат. Оттаму потенцираат дека условите од кои зависи интеграцијата, се плод на европски консензус.

    „Бугарија има многу јасно структурирана позиција по прашањето за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, европската интеграција, безбедноста на регионот, вземните прекугранични односи“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во емисијата „Брисел 1“ на ТВ Бугарија ON AIR.

    „Од наша страна, мислам дека нештата се кристално јасни. Ние нема ниту да промениме нешто во нашето мислење, ниту пак има нешто што ќе го отфрли т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година. Оттука натаму се што би можело да биде направено како заеднички принос на сите држави кои сме се обединиле околу тој европски консензус – е добредојдено. Но треба да се знае дека членство во ЕУ базирано на заслуги е еден фундамент на целата ЕУ, околу кој и ние како Бугарија сме се усогласиле пред 20 години, кога сме биле во нашиот процес на европска интеграција. Тоа го очекуваме и од останатите“, порача Георгиев.

    „Многу е важно да се знае дека уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов“, потенцира шефот на бугарската дипломатија.

    Како што рече, ова го посочува во случај да постои евентуална цел – доколку уставните измени се случат, а потоа се јават и останатите услови од европскиот консензус – дека тогаш некој може да каже „ете, ви кажавме ли дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“.

    Прво, не се Бугарите, туку е Брисел. Целата ЕУ стои зад тој консензус.  Тоа е многу важно и е услов кој треба да се повторува постојано. И второ, во тој европски консензус се и протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, придржувањето кон договореното за доброседството… Сето тоа треба да биде факт. Во спротивно, нема да има исполнување на европскиот консензус, нема да има исполнување на заклучоците од Советот. А додека тоа не е факт, нема да може да се пристапи кон отворање на првиот кластер кој се однесува на човековите права. Откако ќе видиме уставни измени, се надеваме, да – тоа тогаш ќе го отвори патот и почнува процесот, кон кој, природно, се пристапува со она што го кажав – базирано на заслуги. Државата која е кандидатка за член на ЕУ треба да ги исполнува условите кои самата Унија и ги поставува. И во тоа нема никаква билатералност, нема никакво отворено меѓудржавно прашање, туку напротив, тоа се однесува на процесот на присоединување“, рече Георгиев.

    На оценката на водителката дека „овој аспект отсуствува од дебатата во Скопје, каде пред македонското општество уставните измени се претставуваат како единствен, а не како прв услов“, Георгиев вели дека тој постојано посочувал на тоа.

    „Затоа постојано им напоменувам и на колегите, сосема добронамерно, навистина не сакам да помислам дека тоа се прави тенденциозно, со некоја задна мисла. Напротив, си има црно на бело многу јасно поставени услови, низ кои поминува процесот“, изјави тој.

    Бугарија Георг Георгиев ЕУ Македонија МНР уставни измени
    Популарно

    Саша Матиќ до Карлеуша: Извини

    18.11.2025 во 23:05

    Напуштено бебе пронајдено пред манастир, отсечените раце на мајката пронајдени на автпат: Хорор во Германија

    19.11.2025 во 10:35

    Газдите не сакале да исчистат па „Мекдоналдс“ во Аеродром го исчисти општината – сега принтаат фактура

    19.11.2025 во 10:44

    Собранието ги изгласа измените за ДДВ на производи од Тему и Али Експрес – Владата уверува граѓаните нема да платат ниту денар

    19.11.2025 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.