Бугарка со пари ќе ги учи во „Преспав“ што се европски стандарди: Сара Мејс дел од хит-серијата
Пејачката Сара Мејс беше гостинка во една епизода на „Преспав“, каде одлично се снајде во улога на Бугарката Глорија, односно сестрата на поранешната газдарица на пансионот, Преслава.
И Глорија како и сестра ѝ дојде да наметнува европски стандарди во пансионот со две ѕвезди.
Сара одлично се снајде во улогата на Глорија, а на Инстаграм сподели неколку фотографии од снимањето на епизодата, па доби еден куп пофални зборови.
Сара Мејс заврши музичка академија во Бугарија, па оттука и добриот бугарски јазик со кој одлично се снајде.
View this post on Instagram
10.01.2021 - 15:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа