Бугарија протерува 70 руски дипломати: Ова не е агресија врз рускиот народ

 

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека побарало од Русија до 3 јули да повлече 70 членови на дипломатскиот персонал. Со образложение дека Русија треба да го намали бројот на персоналот во амбасадата за да се усогласи со бугарското претставништво во Москва.

„Ова не е агресија врз рускиот народ. Секој што работи за странски интереси ќе биде повикан да се врати во земјата од која што е дојден“, кажа премиерот Кирил Петков.

Се наведува дека првата причина за таквото барање е реципроцитет, пренесува „Ројтерс“.

„ Втората причина се активностите на руските функционери, за кои надлежните бугарски власти утврдија дека не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението.

28.06.2022 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега