Будимпешта се подготвува за рекордни поплави - се поставуваат бариери пред куќите

 


Во градовите северно од Будимпешта властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за рекордно ниво на вода поради што е затворен островот Маргит, одморалиште со хотели и ресторани.

Во сила стапи указот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за заштита од поплави, според кој беа наредени координирани мерки за заштита на целата територија на Унгарија, а Орбан денеска изјави дека во тек е најтешката фаза на заштита.

Циклонот Борис донесе многу дожд во Европа и предизвика поплави, кои стигнаа и до Унгарија, каде што Дунав се излеа од коритата. Се наведува дека моментниот водостој на Дунав е 683 сантиметри, а вчера бил под 600 сантиметри.

Поплавен е кејот покрај Дунав, а врвот на поплавниот бран, како што изјави градоначалникот на Будимпешта, се очекува да биде в недела, иако вчера беше најавено дека ќе биде ноќта меѓу петок и сабота.

Разорните поплави предизвикаа пустош во Полска, Австрија, Чешка, Словачка и во оманија, а според последните информации, најмалку 20 луѓе загинале на Стариот континент. Во Словачка, министерот за животна средина, Томаш Тараба, рече дека нивото на водата на Дунав во текот на ноќта достигнала речиси 10 метри и дека нема толку лесно да се спушти. Тој додаде дека штетите од поплавите во државата се проценуваат на речиси 20 милиони евра.

18.09.2024 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега