Бубевски: Ќе бараме притвор за таткото на Вања

 

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски потврди дека ОЈО ќе бара притвор и за таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска чие тело беше пронајдено во околината на Скопје.

Според изјавите на Бубевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тој на сега веќе избеганиот Љ.П. му дал информации кога таа самата ќе оди училиште.

-Во однос на тоа дали ќе се бара (притвор), да, заради тоа што ова е почетно. Имаме основи на сомнение за негова вклученост. Ќе се бара обезбедување на негово присуство во постапката. Ќе видиме и од материјалните докази што ќе произлезе денеска. Може и утре некои докази ќе произлезат. Ќе ве известиме и ќе ви дадеме поцелосна слика, зашто тоа е сликата што ние во моментот ја имаме и можеме да ви ја соопштиме. Веројатно, во текот на денот ќе има одредени промени, рече Бубевски.

Тој рече дека осомничените не биле под Посебни истражни мерки.

04.12.2023 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега