Брутално застрелано петгодишно дете во Грција

 

Детето, за кое медиумите пишуваат дека е од ромска етничка припадност, е прогласено за мртво набргу по пристигнувањето во болница, откако било погодено во престрелката во градот Маркопулос, во источна Атик

Според неофицијални информации, пукањето се случило откако автомобил „Тојота Јарис“ со петмина луѓе во него, застанал до „Пежо 308“ со кое се превезувале таткото, мајката и детето. Тогаш напаѓачите истрелале бараж од куршуми кон автомобилот на семејството, а најмалку еден куршум го погодил детето. Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 чаури.

Момчето имало прострелна рана во главата, а родителите брзо го однеле во најблискиот здравствен дом, од каде итно било префрлено на детска клиника, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

Според дел од грчките медиуми, засега не се знае мотивот за бруталното убиство, но се чини дека нападот бил испланиран.

01.11.2024 - 21:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега