Бројот на починати од коронавирус надмина 6000

Во изминатото деноноќие Министерството за здравство регистрира 26 починати како последица на Ковид-19.

6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5  починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г)  и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г) ,Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).

Со ова, Македонија ја надмина границата од 6.000 починати како последица на смртоносната зараза. Во моментот вкупниот број на починати како последица на корона е 6.013.

03.09.2021 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега