Бројот на починати лица во земјава достигна 6.277 како последица од коронавирусот
Согласно последните информации на Министерството за здравство, моменталната бројка на починати од коронавирусот, од почетокот на пандемијата достигна 6.277.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705, бројката на оздравени пациенти е 164.383, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.
Во текот на вчерашниот дел беа регистрирани 183 нови случаи, од вкупно направени 2.035 тестирања.
• Скопје – 132
• Куманово – 13
• Кавадарци – 6
• Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3
• Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2
• Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1
Вчера беа пријавени 18 починати лица: девет починати лица од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г,
61г, 59г, 57г, 52г), 4 починати лица од Кавадраци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица од Тетово (81г и 48г) и Битола (81г, 79г), едно починато лице од Гостивар (78г). Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.
Регистрирани беа и 531 оздравени пациенти од:
• Скопје – 189
• Тетово – 68
• Струмица – 32
• Гостивар – 26
• Дебар – 24
• Кавадарци – 23
• Куманово – 22
• Кичево – 17
• Битола и Штип - по 12
• Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово – по 11
• Делчево – 9
• Крива Паланка и Ресен – по 8
• Пробиштип – 7
• Кочани – 6
• Македонски Брод – 5
• Радовиш – 4
• Неготино и Валандово – по 3
• Кратово и Крушево – по 2
• Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Ковид-19.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа