Бројката се зголемува: Во силниот земјотрес во Авганистан загинаа најмалку 950 луѓе

Авганистанските власти за справување со катастрофи соопштија дека најмалку 950 луѓе загинале, а повеќе од 600 се повредени во земјотресот кој рано наутро ја погоди земјата, пренесе „Ројтерс“.

„Бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми бидејќи некои планински села се во оддалечени области и ќе биде потребно извесно време да се соберат сите детали“, рече претставникот на Министерството за внатрешни работи,Салахудин Ајуби.

Јачината на земјотресот изнесувала 6,1 степени според Рихтеровата скала, а потресот ги погодил густо населените делови на Авганистан и Пакистан во раните утрински часови, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот погодил густо населена област на границата меѓу Авганистан и Пакистан, а бил почувствуван во радиус од 500 километри, јави Би-би-си.

 

 

22.06.2022 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега