Close Menu
Press24
    Најново

    Хорор ноќ во регионот: Избувна пожар во болница, има повредени

    27.02.2026 во 11:20

    Хорор во омиленото летувалиште на Македонците: Пронајдени исечени човечки делови во вреќи

    27.02.2026 во 11:10

    (ВИДЕО) Шокантна снимка: Застанале на семафор да чекаат зелено светло, одеднаш земјата ги проголтала

    27.02.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хорор ноќ во регионот: Избувна пожар во болница, има повредени
    • Хорор во омиленото летувалиште на Македонците: Пронајдени исечени човечки делови во вреќи
    • (ВИДЕО) Шокантна снимка: Застанале на семафор да чекаат зелено светло, одеднаш земјата ги проголтала
    • Добра вест за идните возачи: Општината ќе субвенционира 10.000 денари за полагање возачки испит
    • Дневен хороскоп: Вагата да избегнува конфликти, јарецот да биде трпелив
    • Бум во товарниот транспорт: Превезената стока зголемена за речиси 70%, авиосообраќајот во силен раст
    • Мрачни прогнози на Вучиќ од Астана: Очекувам голем конфликт, не ја исклучувам употребата на неконвенционално оружје
    • Милошоски со чешкиот сенатор Вистричил: Соработката со Вишеградската група е клучна за економијата и ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

    Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

    10.04.2025 во 10:341 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184, соопштија властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

    Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките тимови се уште се на терен во потрага по тела и можни преживеани, иако никој не бил пронајден жив до вторник попладне, пренесе АП.

    „Ние нема да оставиме никого. Продолжуваме да работиме“, рече Мендез.

    Несреќата се случила ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, додека стотици луѓе уживале во концертот на познатиот пејач Рубио Перез. Во клубот во тој момент имало музичари, спортисти и официјални лица.

    Прво почнала да паѓа прашина од таванот, а потоа се урнал покривот и ги затрупал посетителите со бетонски плочи.

    Досега се идентификувани 54 тела, додека најмалку 33 остануваат неидентификувани.

    Повеќе од 200 луѓе се повредени, а најмалку 20 лица се хоспитализирани, од кои осум се во критична состојба.

    Причината за уривањето на покривот се уште не е позната, а истрагата е во тек. Се огласи и сопственикот на клубот „Џет сет“, кој изјави дека соработува со надлежните, додека одговорноста за евентуалните пропусти се уште се истражува.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Стразбур пресече: Државата ќе му плати 11.000 евра на затвореник тепан во „Идризово“

    27.02.2026 во 10:00

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.